Производите на Коминг имаат 12 месечна гаранција. Во гарантниот рок, сите интервенции поради грешки во работата на програмите, инсталација и преинсталација се бесплатни.
Коминг овозможува договори за годишно одржување за сите производи кои ги нудиме. Во нашите годишни договори се вклучени сите измени од тип на ревизија, отстранување на грешки во работата, како и инсталација и преинсталација на нашите софтверски пакети. Времето на одзив на вашиот повик е обично до 1 час (максимално 4 часа).
Нашиот стручен тим овозможува сервисирање на лице место, во било кој дел од Македонија. Сервисот на повик се наплатува за секоја извршена интервенција, во зависност од обемот на работата.
Стандардната поддршка на нашиот тим, се извршува преку RemoteHelp , апликација за далечиниски пристап до клиентскиот компјутер.
Во специфични случаи може да се интервенира и на лице место, во било кој дел од Македонија.