Системот за водење на Автокуќи - Automanager е специјално развиен да ги задоволи потребите на домашните автокуќи.Ги интегрира сите оддели и нуди пристап до најважното средство: информацијата
Интегрирани модули:
Нашиот софтвер за продажба на возила, прецизно ги води сите активности околу продажбата: од нарачка од купувачот до крајна продажба. Целосна историја на возилото: понуда, нарачка, транспорт, царина, плаќање, сервис... Автоматски ги проследува финасиските трансакции во книговодствотоГи води активностите во сервисот на возила. Контрола на сервисната ефикасност преку пратење на активностите на сервисерите и другите ресурси. Директна поврзаност со магацинот за резервни делови, со продажбата на возила (прв сервис, гаранција, вградување пред испорака...), книговодството (обрасци ЕТУ...)Ефикасно водење на одделот за резервни делови. Помага при правилното водење на инвентарот на резервни делови, помош при нарачки со специјално развиени модули за пресметка на потребите од резервните делови. Набавка на делови, продажба, врска со сервис, резервации... Производство на бои за одделот за лимарија. Автоматски ги проследува финансиските трансакции во книговодствоСистемот овозможува централно фактурирање и наплата на извршените услуги. Корисникот добива фактура/и за сите извршени услуги од било кој оддел или заедничка фактура од сите оддели. Наплата во кеш преку фискална каса. Префактурирање на услуги од други фирми. ПроФактури... Автоматски ги проследува трансакциите во книговодствотоСите модули се интегрираат во финансовото книговодство. Автоматски или мануелен внес на налози, денарски и девизни картици, работни единици (оддели), изводи на отворени ставки, сите видови картици, биланси на успех и на состојба, прегледи за менаџментотПресметка на плати (по најновите законски норми). Работни часови, боледувања, скратено работно време... Пресметка поаѓајќи од нето плата или од бруто плата. Месечни и годишни извештаи. Извештаи по вработен или на ниво на цела фирмаВодење основни средства. Амортизација, ревалоризација, каматни пресметки на разни начини, печатење вирмани
10 Причини зашто да го изберете Automanager
Automanager комплетно ги интегрира сите модули (продажба на возила, продажба на делови, сервис, фактурирање, финансово...), а со тоа и сите ваши оддели. Податокот внесен во било кој модул (или документ) е комплетно достапен на другите модули, нема потреба од пре-внесување на податоци. Документите што произлегуваат од претходните документи автоматски се генерираат, така да на корисникот му останува само да го доврши или измени документот, а не да го внесува од почетокНие Ви нудимe online real-time пристап до информациите, што голем број карактерно базирани апликации не го нудат. Сите трансакции исто така се извршуваат во реално време, нема batch-обработки од типот крај на денот, крај на месецот, крај на годината. Сите податоци се пристапни на сите модули, веднаш откако се внесени.Automanager е вистински Windows-базиран систем, спротивно од старите текст (DOS) базирани системи и со тоа ги нуди сите предности што ги содржи Windows OS. Automanager нуди интеграција со другите Windows алатки (како Word, Excel...), вклучувајќи Screen Preview, повеќе прозори (програми) отворени во исто време, Copy-Paste и многу други.Инвестирањето во Automanager значи инвестирање во модерна технологија што ќе се користи и во многу наредни години.Automanager содржи многу и разновидни извештаи, од кои секој може да се печати, прегледа или да се префрли во друг формат Word, Excel, PDF, Snapshoot… Со тоа корисниците можат да ги прилагодат своите репорти во тек на работа, да ги пратат по e-mail, да ги сочуваат во електронска форма...Automanager како интегриран систем нуди пристап, во реално време, до стратешките информации на фирмата (за што се изработени посебни извештаи). За неколку секунди, со наједноставен клик во менито на програмата, може да се дојде до извештаи за трошоци во фирмата, приходи, добивка (по оддели, групи...), доспеани побарувања и многу другиБидејки податоците од сите модули се пресликуваат во модулот за Финансово книговодство, од голема помош е можноста сите документи од другите модули, место да се внесуваат рачно, автоматски да се префрлаат во налозите за книжење. Секако дека и понатаму одговорниот за книговодство може да ги прегледа и измени, меѓутоа се ослободува од макотрпната работа на книжење на документи, а секако се избегнуваат грешките во книжењата што произлегуваат од погрешен рачен внес. Ослободени од мануелно книжење, книговодителите поаналитички ги дефинираат книжењата на документите, со тоа формираат база на податоци која нуди многу повеќе информации за менаџментот и вкупната работа на фирматаНие работиме со нашите корисници за да ги разбереме нивните потреби и желби. Фактички новите верзии на програмите се во основа базирани на сугестиите и препораките на корисниците (секако и на законските промени). Automanager содржи проверен кориснички интерфејс, овозможувајки комформна и лесна работа со документите, како и ослободување на корисникот од внес на веќе внесени податоци, заштита на тековен внес на документ од испад на систем (корисникот продолжува да работи со делумно внесениот документи при повторен влез во програмата).Automanager е дизајниран и развиен за работа во мрежно опкружување, за повеќекорисничка работа. Корисниците можат да работаат во исти програми во исто време, на исти типови на документи. Системот обезбедува заштита при паралелен пристап на документите, со тоа што само еден може да го менува документот, а сите можат да го гледаат.Automanager е специјално развиен за автоиндустријата, а не прилагоден програм од Материјално/Магацинско/Финансово работење. Со тоа добивате систем кој најмногу одговара на Вашите потреби, во кој секој составен дел е директно употреблив во вашиот бизнис. Текот на дејствијата во Automanager следат од реалните дејствија во куќите што се занимаваат со продажба и сервис на автомобили и автоделови, така најголем дел од вашата секојдневна работа ќе биде автоматизиран.Automanager како база на податоци користи Microsoft SQL Server (или MSDE – бесплатна верзија на Microsoft SQL Server - до 15 корисника), кој нуди најдобар однос цена/квалитет кај современите системи за управување со бази на податоци. Во ситемите како Automanager, базата на податоци е срцето на апликацијата и слабите перфоманси не се опција. Нашиот тим , со долгогодишно искуство во инсталација и одржување на Microsoft SQL Server, ќе понуди сигурна и стабилна работа на Вашиот систем<